ПЕТРОВ, Иван Новев

ПЕТРОВ, Иван Новев (с. Големо Илино, Демир Хисар, 3. Ⅶ 1922 г.
– Скопје, 10. Ⅱ 2004) – редовен професор (1961) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 1987). Дипломирал (1951) на ПМФ во Белград, докторската дисертација ја работел во Љубљана, а ја одбранил (1960) на ПМФ во Скопје. Покрај во Љубљана, бил на усовршување и на Кинг’с Цоллеге, Нењ Цастле и на Фиск Университѕ, Насхвилле, Теннессее во САД. Бил еден од првите двајца асистенти на Катедрата за хемија и првиот што започнал со настава од помодерните содржини на хемијата посветени на структурата на атомите и молекулите. Најголемата заслуга му е создавањето на Лабораторијата за инфрацрвена спектроскопија и почнувањето на систематското изучување на спектрите на разни неоргански и органски супстан
ции. Може да се нарече втемелувач на структурната хемија во Македонија. Основното наставно подрачје му е физичката хемија (покрај во Скопје, предавал и во Приштина). Основната научна преокупација му била молекулската спектроскопија (на неоргански и органски супстанци, особено оние за кои е карактеристично водородното сврзување). Од ова подрачје се и трудовите што систематски ги објавувал, заедно со своите соработници, во врвни светски списанија. Има објавено педесетина научни трудови (значителен број се публикувани во странство) и автор е на поголем број соопштенија на научни манифестации. Бил раководител на поголем број домашни, сојузни и меѓународни проекти. Бил продекан на ПМФ, декан на Хемискиот факултет (во два мандата) и шеф на Институтот за хемија.
ЛИТ.: Природно-математички факултет – Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 219; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, 240
241. Б. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *