ПЕТРОВ-КАРАЃУЛЕ, Благоја

ПЕТРОВ-КАРАЃУЛЕ, Благоја
(Битола, 16. И 1924 – Скопје, 26.Ⅶ 1963) – оперски певец, баритон. Во 1949 г. дебитирал на сцената

Благоја
ПетровКараѓуле

на Операта на МНТ со улогата на Маркизот во операта Травијата. Во МНТ останал с¢ до трагичното загинување во Скопскиот земјотрес во 1963. Остварил повеќе од 15 улоги, меѓу кои позаначајни се: Жорж Жермон (Травијата), Папагено (Волшебната флејта), Родриго-Поза (Дон Карлос), Фигаро (Севилскиот бербер), Ренато (Бал под маски). Поседувал сонорен глас, изразита музикалност и сценски шарм. Познат е како одличен интерпретатор на македонски народни песни. Ф. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *