ПЕТРОВ, Никола Миланов

ПЕТРОВ, Никола Миланов (с. Колешино, Струмичко, 3. ⅩⅠⅠ 1937)
– педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа и педагогија на Филозофски факултет во Скопје (1959). На истиот факултет ја одбранил и докторската дисертација (1980). За асистент на Филозофскиот факултет е избран во 1966 г., а за редовен професор по предметите предучилишна педагогија и методика на предучилишното воспитание во 1991 г. Од 1996 е професор на Педагошкиот факултет во Скопје. Бил раководител на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет, декан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, главен и одговорен уредник на списанијата „Просветно дело“ и „Претшколско дете“, претседател на Советот за грижи и воспитување на децата на Македонија. Се занимава со предучилишна педагогија. Автор/коавтор е на голем број трудови, посебно од областа на методиката на предучилишното воспитание.
БИБЛ.: Детето во природа и околината, 1986; Креативноста и воспитувањето,
(коавтор), 1995; Методика по развој и култура на говорот со практикум, (коавтор), 1996 и др.
ЛИТ.: Филозофски факултет: 1946–1996, Скопје, 1976, 49. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *