ПЕТРОСКА-БЕШКА, Виолета Радомирова

ПЕТРОСКА-БЕШКА, Виолета Радомирова (Скопје, 13. Ⅺ 1956)
– психолог, универзитетски професор. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1979), магистрирала на Колумбија универзитетот во Њујорк (1982), а докторирала на Филозофскиот факултет во Белград (1989). На Филозофскиот факултет во Скопје се вработила во 1980 г., а редовен професор е од 1999. По дополнителната едукација на Колумбија универзитетот во Њујорк (1994), нејзиниот научно-стручен ангажман се проширува и на полето на разрешувањето конфликти и меѓуетничко разбирање. Кораководител е на Центарот за човекови права и разрешување конфликти во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (од 2001). Објавила голем број трудови, учебници и прирачници.
БИБЛ.: Изработка и примена на објективни тестови на знаење, 1993; Методологија на експерименталните истражувања во психологијата, 1994; Конфликти: што претставуваат и како се разрешуваат, 1995; Како се пишува извештај за спроведено емпириско истражување, 1996; Анкетирање – кој, што, како, зошто, 1999; Почитување на разликите, 1999; Образование за мир, 2002; Посматрањето како научен метод во психологи
јата, 2005.
ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје:
1920–1946–2006, Скопје, 2006, 277. В. Арн.

Кирил
Петрушев
-Чикото

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *