ПЕТРОСКА, Блага

ПЕТРОСКА, Блага (Букурешт,
1. Ⅲ 1939) – универзитетски професор, социолог. Основно и средно образование завршила во Бу-курешт, Романија, каде што ги започнала и студиите по филозофија. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1954) и докторирала од областа на социолошките науки на истиот факултет, на тема „Типови и облици на семејството во Тетовскиот крај“ (1965). Избрана за асистент (1956), за предавач (1961), за доцент (1966), за вонреден (1972) и за редовен професор (1976) по предметот општа социологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Неколку мандати била раководител на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а еден мандат декан на истиот факултет (1977–1979). Објавила поголем број научни трудови од областа на социологијата.
БИБЛ.: Класиците на марксизмот за
бракот и семејството, Скопје, 1962; За социологијата како млада наука, „Современост“, Скопје, 1970.
ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *