ПЕТРУШЕВА-БАБАТА, Олга

ПЕТРУШЕВА-БАБАТА, Олга
(Стар Дојран, 28. Ⅲ 1902 – ок. 1980) – работничка, мајка на убиениот син-единец белградскиот студент Бранд Петрушев (8. Ⅸ 1940) и првоборец во НОБ. Откако станала член на КПЈ (1941) дејствувала на вклучувањето на жените во НОД и на собирањето Народна помош, а извесен период била и курир на ПК на ПКЈ за Македонија. При нејзиниот престој во Гевгелија (јануари 1942) со задача да формира Комисија за работа со жените и Воен комитет за организирање диверзантски акции, била уапсена од бугарската полиција и интернирана во Бугарија. По враќањето била делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ
(2. Ⅷ 1944), член на Иницијативниот одбор на НОФ на Македонија (7. Ⅹ 1944), член на Иницијативниот одбор на АФЖ и на Претседателството на АФЖ за Македонија.

Олга Петрушева-Бабата
ИЗВ.: Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата
1941-1945, Скопје, 1976.
ЛИТ.: Р(ужа) Б(ак), Олга Петрушева-Бабата. Ин мемориам, „Просветена жена“, Скопје, април 1979, 12. С. Мл.

Габриела
Петрушевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *