ПЕТРУШЕВСКИ, Владимир Михаилов

ПЕТРУШЕВСКИ, Владимир Михаилов (Скопје, 16. Ⅸ 1954) – редовен професор (2001) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1978), магистрирал (1988) и докторирал (1990) во Скопје. Изведувал практична и теориска настава од поголем број предмети и тоа предимно за студентите на додипломските и постдипломските студии по хемија, но и за студенти од РГФ во Штип и за студенти по биологија на ПМФ. Ги конституирал курсевите за школско експериментирање и организирал ла

Владимир Петрушевски
бораторија за хемиско школско експериментирање. Учествувал во осмислувањето и организирањето натпревари по хемија за ученици. Во првиот период на неговата научноистражувачка активност главниот интерес му бил насочен кон структурната хемија, а подоцна интересот му се пренасочува повеќе кон проблемите од образованието по хемија, особено од областа на хемиското експериментирање. Објавил околу 150 трудови (околу две третини во списанија надвор од Македонија). На научни собири презентирал стотина пленарни и секциски предавања и соопштенија. Член е на уредувачките одбори на светски списанија. Учествувал во изработката на поголем број научноистражувачки проекти (на 3 меѓународни и 3 домашни бил и раководител). Имал покуси студиски престои во Љубљана, Лондон и Ферфакс (Фаирфаџ) во САД. Автор е на еден патент. Бил раководител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија и декан на ПМФ. Битен придонес дал и во работата на разни домашни и меѓународни тела. Почесен член е (од 2004) на Друштвото на физикохемичарите на Србија.
ЛИТ.: Природно-математички факултет
– Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 237; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, 243-244. Б. ш.

Ванчо Петрушевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *