ПЕТРУШЕВ-ЧИКОТО, Кирил

ПЕТРУШЕВ-ЧИКОТО, Кирил
(Богданци, Гевгелиско, 20. Ⅲ 1895
– Скопје, 2. Ⅴ 1980) – графички работник, комунистички деец, борец и државен функционер. Завршил средно училиште. Бил истакнат учесник во македонското револуционерно движење (од 1914). По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, каде што му пристапил на работничкото движење, поради што бил прогонуван и апсен, па морал да премине во илегалство. По Септемвриското востание (1923) се вратил во Македонија и бил особено активен во синдикалното движење. Бил прогонуван и апсен и во времето на НОБ. Бил член на КПЈ (од 1944), член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и член на делегацијата на Вис за разговорите со НКЈ и Ј. Б. Тито. Како делегат на Првото заседание на АСНОМ, бил избран за член на Президиумот на АСНОМ (повереник за внатрешни работи). Бил министер за внатрешни работи во првата Влада на НРМ, а потоа и министер за труд, а извршувал и други значајни должности. Поради определувањето за Резолуцијата на ИБ, бил исклучен од КПМ, разрешен од сите функции и пензиониран.
ИЗВ.: Зборник на документи АСНОМ 1944-1964, ИНИ, Скопје, 1964; АСНОМ, Документи за создавањето на народната власт и државно-правниот развој на СР Македонија, том И, кн. 1-5, Скопје, 1984
1987 и 1994.
ЛИТ.: Димче Најчески, Голооточки сведоштва. Зборник, книга трета, Последици, Скопје, 2006, 27. С. Мл.

Илинденка Петрушева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *