ПЕЦОВСКИ, Душан

ПЕЦОВСКИ, Душан (Берово,
23. Ⅺ 1924) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951). Како проектант работел во повеќе проектантски организации во Скопје, во Либија и во Ирак. Претежно се занимава со проектирање на станбени згради и со урбанистичко планирање. Учествувал на анонимни архитектонски конкурси. Позначајни остварувања: административен објект и ДОЗ, Скопје (1960); Општината „Кисела Вода“ во Скопје (1962); урбанистички планови за Карпош И, Карпош Ⅱ, во Скопје и повеќе станбени објекти.
ЛИТ.: К. Томовски, Архитект Душан Пецовски (1924), во Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на културата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 145-156. Кр. Т.

Плакат за претставата „Печалбари“ (Скопје, 27. Ⅸ 1936)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *