ПЕШТАНИ

ПЕШТАНИ – село во Охридско. Се наоѓа во западното подножје на планината Галичица, покрај брегот на Охридското Езеро, на надморска висина од околу 700 м. Со регионален пат на север е поврзано со Охрид, а на југ со манастирот „Св. Наум“ и Поградец во Република Албанија. Тоа е старо село, кое името го добило според занимавањето со риболов. П. е населено со Македонци, а нивниот број во 2002 г. изнесувал 1.326 ж. Освен со риболовот, значителен дел од населението се занимава и со туризам. Во селото има осумгодишно училиште и повеќе трговски дуќани, а во неговиот јужен дел е подигнат и модерен хотелски комплекс. Ал. Ст.

Пештерата Пурало, со сливови, сталактити и пештерско саќе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *