ПЕЈОВСКИ, Илија

ПЕЈОВСКИ, Илија (Велес, 7. Ⅶ 1947) – композитор и аранжер. Студирал во Љубљана и Скопје, а се усовршувал на Беркли универзитетот во Бостон, САД. Творечките афинитети го однеле кон подрачјето на џезот. Долги годи-

Илија Пејовски
ни работел со Биг Бендот на МРТ. Во своето творештво создаде своевидна синтеза меѓу џезпостапките и македонските фолклорни мотиви. Автор е на околу 80 дела за биг бенд и за ревиски оркестар, како и на над 300 аранжмани за повеќе популарни композиции. Напишал музика за неколку филмови. Соработувал со врвни имиња од светот на џезот. Бил визитинг професор на школата за современа музика во Солун, Грција (1988–1991). Автор е и на книгата „Хармонските основи на џезот“. М. Кол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *