ПЕЈЧИНОВИЌ, Кирил

ПЕЈЧИНОВИЌ, Кирил (с. Теарце, Тетовско, 1771 – манастирот Лешок, Тетовско, 1845) – просветен и книжевен работник од првата половина на ⅩⅠⅩ в., еден од основоположниците на новата народна просвета и книжевност. Заедно со татко му се замонашил во Хилендарскиот манастир. Се вратил потоа во Тетово и дејствувал во Кичевскиот манастир. Бил игумен на Марковиот манастир крај Скопје (1801–1817). Го возобновил Лешочкиот манастир и од 1818 до 1830 г., бил негов игумен и во него како монах останал до крајот на животот. Тука го отворил келијното училиште и прави обид за создавање печатница. Така манастирот прераснал во просветен и културен центар на Западна Македонија. Како писател се формирал под влијанието на дамаскинарите. Неговиот епитаф исклесан врз надгробната плоча од вечниот дом во манастирскиот двор го означува почетокот на но-

Кирил Пејчиновиќ: „Огледало“ (Будим, 1816)
вата македонска поезија во ⅩⅠⅩ в. Пишувани на народен јазик, книгите на Пејчиновиќ не се само вистинско огледало на мисловниот свет и на неговите писателски достоинства, туку тие претставуваат и своевидна вредносна слика за севкупниот економски и духовен живот на македонското население во првите децении на ⅩⅠⅩ в. Неговата дејност значи својот народ да го извлече од заостанатоста и мракот и да го воведе во светот на културните народи.
ДЕЛА: Огледало, Будим, 1816; Утјешение грешним, Солун, 1840; Житие књаза Лазара, Соф., 1835. ЛИТ.: Блаже Конески, За македонската
литература, Ск., 1967; Харалампие Поленаковиќ, Никулците на новата македонска книжевност, Ск,. 1973; Тодор Димитровски, Од Пејчиновиќ до Рацин, Ск., 1982; Харалампие Поленаковиќ, Избрани дела, Ск., кн,. 3, 1989. В. Тоц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *