ПИКОЛОМИНИ, Енеја Силвие

ПИКОЛОМИНИ, Енеја Силвие
(1650 – Призрен, 10. Ⅺ 1689) – австриски генерал. Бил командант на јужното крило на австриската војска во Австриско-турската војна (1683-1699) при нејзиниот пробив кон Македонија (1689). Во тој поход го зазел Скопје, во кое владеела чума, па го опожарил
(26. Ⅹ 1689), по што ја повлекол армијата кон Косово. А токму во тоа време веќе започнало распламтувањето на Карпошовото востание.
ЛИТ.: Душанка шопова-Бојаниђ, Карпошев покрет и извори за његово проучавање, докторска дисертација во ракопис, во библиотеката на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје; Алек
сандар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, том Ⅳ, Скопје, 1983. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *