ПИЛИЧКОВА, Севим Хамдие

ПИЛИЧКОВА, Севим Хамдие
(Севим Пилиçкова) (Скопје, 26. Ⅷ 1946) – филолог, научен советник (2000), истражувач на турскиот

Севим Пиличкова
фолклор и етнологија (1. Ⅶ 1977) и повеќегодишен директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (29. Ⅴ 2001–). Завршила гимназија, Филозофски факултет (Група англиски јазик и литература со историја на уметност) и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје на тема „Основни типови анегдоти кај Турците од РМ, со посебен осврт на современите записи“ (24. ⅩⅠⅠ 1991). Нејзин посебен интерес за истражување се народната проза и поезија, кратките жанрови, обичаите и верувањата кај Турците во Македонија. Имала студиски престои во Анкара, Истанбул и Москва. Била претседател на Советот на Институтот, претседател на традиционалниот Меѓународен симпозиум за балканскиот фолклор во Охрид, член на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, член на ИНАСЕА (Меѓународна асоцијација на антрополозите од Југоисточна Европа).
БИБЛ.: Македонѕа Соссüалист Цумхуриѕетинде зашазан Турклерин манилери / Манињата кај Турците од СР Македонија, Скопје, 1986; Прилог кон проучувањето на народните пословици кај Турците од СР Македонија, Скопје, 1987; Народните приказни на иселениците од Република Македонија во Република Турција, Скопје, 1992; Насрадин Оџа и Итар Пејо – духовни близнаци, Скопје, 1996; Турски реалистични народни приказни од Република Македонија, том И–Ⅱ, Скопје, 1997; Турски хумористични народни приказни во функција на пародија, Скопје, 2000; Структурата на турските волшебни народни приказни, книга 1 и 2, Скопје 2001; Нарација и реалност, Скопје, 2002; Насраддин Хоцаенин киþилиðи/Фолклорниот лик на Насрадин Оџа, Скопје, 2003; 101 анегдота за Насрадин Оџа од Македонија, Скопје 2004; Функцијата на формулите во турските народни приказни, Скопје, 2005; Симболиката на
наративните елементи во турските приказни од Македонија, Скопје, 2006.
ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950– 2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 123-124 и 147. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *