ПИПЕРКАТА, Јордан

ПИПЕРКАТА, Јордан – в. Силјанов–Пиперката Јордан.
ПИР (Пѕррос) (317–272 пр.н.е.) – епирски владетел, македонски крал (288/7 пр.н.е.), со потекло од аристократскиот род на Ајакидите. Откако татко му бил симнат од престолот, Пир го поминал детството на дворот на илирскиот крал Глаукија, а потоа кај Антигон Монофтхалм и син му Деметриј Полиоркет. Едно време минал како заложник кај Птолемај И Сотер во Египет. Откако го симнал од престолот на Епир узурпаторот Неоптолем, ја зацврстил својата власт во Епир (295 пр.н.е.). Во војната меѓу Касандар и Деметриј Полиоркет успеал да го завладее западниот дел, а потоа и целата Македонија (287/4 пр.н.е.). Ги помагал Грците на југот на Италија и Сицилија во војната против Рим и Картагина, извојувајќи победа најпрвин кај Хераклеја (280 пр.н.е.), а потоа кај Аускулум (279 пр.н.е.) претрпел големи загуби, па оттука потекнува изреката „Пирова победа“ – за скап успех што не се исплатува. По поразот во битката кај Беневент на Сицилија (275 пр.н.е.) се вратил во Епир. Го нападнал македонскиот крал Антигон Ⅱ Гоната, навлегувајќи во Ајга (274 пр.н.е.), каде што им дозволил на своите келтски платеници да ја ограбат кралската некропола. Загинал во Аргос, во обид да го врати на власт спартанскиот басилеј Клеоним.
ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р.
Црвени пиперки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *