ПИЈАВИЦА, МЕДИЦИНСКА

ПИЈАВИЦА, МЕДИЦИНСКА
(Хирудо медициналис Л.) – прстенест
црв, претставник од редот виличести пијавици (Гнатхобделида). Препознатлива е по надолжните шари со жолти и црвени петна на грбната страна од телото.

Медицинска пијавица
Долга е околу 5 цм. Има предна и задна пијавка. Вилиците се составени од стотина запчиња со кои ја пробива кожата на домаќинот, прави раничка и цица крв. Во раната на домаќинот испушта супстанција – хирудин, која го спречува згрутчувањето на крвта. Името го добила по тоа што се користела за лекување разни болести уште во средниот век. широко е распространета на Медитеранот, но се среќава и во Македонија.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *