ПЛАВЕВ, Илија

ПЛАВЕВ, Илија (Велес, 1867 – Белград, 1940) – социјалистички и комунистички деец. Како работник во Софија, се приклучил кон социјалистичкото движење. Подоцна се вратил во Велес (1902), а потоа се преселил во Скопје (1905), каде што станал член на една Социјалистичка група. Бил член на Народната федеративна партија. Прифаќајќи го комунистичкото движење, станал благајник на Скопската организација на КПЈ и потоа прв потпретседател на ПК на КПЈ за Македонија. По Обзнаната, во материјална криза, се преселил во Белград.
ИЗВ.: Роса Плавева, Кратки белешки од мојот живот, 1–26 + 34, АИНИ – Скопје, Сл. Ⅳ 170, инв. бр. 203/67; Тодор Г. Зографски – Димче А. Зографски, КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 1920-1930, ИНИ, Скопје, 1974. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *