ПЛАКАТ

ПЛАКАТ – оглас на ѕид или на други јавни места, како средство за визуелна комуникација, но и за економски, политички, културен, спортски и друг вид публицитет. Во РМ по 1945 г. плакатот бил нагласена форма за јавна комуникација, како повик до граѓаните или како средство за афирмирање и најава на јавни настани. Со својот специфичен визуелен јазик, плакатот е предизвик и за познати ликовни уметници (Д. Аврамовски–Гуте, Д. Кондовски, К. Танчев, В. Бороевиќ, Д. Марковиќ, Љ. Серафимовски). Ал. Цв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *