ПЛАНИНСКА ДИВИЗИЈА во Бугарската армија во Првата светска војна

ПЛАНИНСКА ДИВИЗИЈА во Бугарската армија во Првата светска војна (1916 – 1918) – формирана во Македонија од штабот на ВМРО, по наредба на германската и бугарската Главна команда, издадена на Александар Протогеров (22. Ⅹ 1916). Регрутите биле мобилизирани главно од Западна Македонија, од Скопје и од Приштина. штабот се наоѓал во Скопје, а подоцна е префрлен во Охрид. Формацискиот состав бил од три полка со по два баталјона. Бројната состојба на дивизијата била: 3.330 Македонци, 1.200 Турци и 1.200 Албанци. Вкупно 5.730 лица.
ЛИТ.: ДимитÍр Минчев, Участието на населението от Македония в БÍлгарската армия през пÍрвата световна воŸна 1914–1918, София, 1994. В. Ст.

Црквата „Св. Никола“ во с. Пласница, Бродско

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *