ПЛАСНИЦА

ПЛАСНИЦА – село во Бродско. Се наоѓа во северното подножје на Бушева Планина, од десната страна на р. Треска, на надморска висина од околу 660 м. Со регионален пат е поврзано на исток со Македонски Брод, а на запад со Кичево. Има 2.288 ж. Торбеши, кои, според новата статистика, се регистрирани како „Турци“. Населението се занимава главно со одгледување тутун. Тоа е седиште на општина што зафаќа површина од 5.444 ха, со 4 населени места, во кои живеат 4.545 ж. Постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

Платан (јавор, чинар)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *