ПЛАТЕН БИЛАНС НА РМ

ПЛАТЕН БИЛАНС НА РМ – систематски преглед на економските трансакции на РМ со светот во текот на една година. Платнобилансната статистика се подготвува врз основа на методологијата на ММФ, а за составување и следење на извршувањето на платниот биланс е надлежна НБРМ. Трансакциите во платниот биланс се групирани во три основни дела: 1) тековна сметка, 2) капитална и финансиска сметка и 3) грешки и пропусти. Понатаму, тековната сметка се состои од четири подбиланси: стоки, услуги, доход и тековни трансфери. Во рамките на подбилансот стоки се регистрира македонскиот увоз и извоз на стоки, кои се прикажани на ф.о.б. основа. Во подбилансот услуги се опфатени увозот и извозот на различни видови услуги, како: транспорт, туризам, телекомуникациски услуги, инвестициони работи, осигурување, деловни услуги итн. Подбилансот доход ги систематизира сите трансакции меѓу Македонија и светот врз основа на прилив и одлив на плати на вработените, добивка од инвестициите, дивиденди, камати на заеми и на кредити итн. Подбилансот тековни трансфери ги опфаќа приливот и одливот на официјални и приватни трансфери. Првите најчесто се однесуваат на помошта што ја добива Македонија од странски држави и од меѓународни организации, изразена во пари и во стоки, додека вторите опфаќаат дознаки од странство, откуп и продажба на странски ефективни пари во менувачниците, како и ренти, пензии, инвалиднини итн. Во капиталната и финансиската сметка се регистрираат сите капитални трансфери и финансиски трансакции меѓу Македонија и светот. Најважни ставки во оваа сметка се: директните инвестиции, портфолио инвестициите, трговските кредити, заемите, валутите и депозитите и бруто официјалните резерви. Директните инвестици ги опфаќаат влоговите на странските физички и правни лица во македонската економија, т.е. на домашните физички и правни лица во странство, изразени во стока и во пари. Трговските кредити одобрени во странство и примени од странство ја претставуваат разликата меѓу физичката размена на стоки меѓу Македонија и светот и извршени

Платен биланс на Република Македонија, 1993-2007 (во милиони долари)
1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007
И. ТЕКОВНА СМЕТКА -82.54 -262.94 -298.91 -339.85 -286.56 -278.82 -65.26 -97.61 -236.08 -377.61 -184.11 -452.82 -157.91 -56.39 -596.83

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *