ПЛАТФОРМАТА ГЛИГОРОВИЗЕТБЕГОВИЌ

ПЛАТФОРМАТА ГЛИГОРОВИЗЕТБЕГОВИЌ – документ подготвен од претседателите на РМ Киро Глигоров и на РБИХ Алија Изетбеговиќ и обзнанет на 4. Ⅵ 1991 г. како основа за договор на претседателите на југословенските републики за зачувување на југословенската заедница преку нејзино преуредување во заедница на југословенските републики (конфедерален сојуз) со карактеристики на државна заедница. Платформата содржи Вовед и 6 дела: Човековите слободи и основните граѓански права; Заедничките економски интереси; Меѓународно-правниот субјективитет и надворешната политика; Одбраната; Положбата, структурата и начинот на одлучувањето на органите на Заедницата; Гаранцијата за извршување на Договорот.
ИЗВ.: Платформа Глигоров-Изетбеговиќ, МНР на РМ. Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *