ПЛЕВЕЛИ

ПЛЕВЕЛИ – растителни видови од спонтаната флора, кои без желбата на човекот, вегетираат и се развиваат во заедница со земјоделските култури, предизвикувајќи неповолни и штетни влијанија врз оптималниот раст и развој на одгледуваните култури. Потеклото и еволуцијата на плевелите се поврзани со потеклото и развитокот на растителното земјоделско производство. Во таквиот филогенетски развиток плевелите со одгледуваните култури сочинуваат заеднички растителни заедници – фитоценози, во кои плевелните растенија на повеќе начини имаат штетни влијанија врз оптималниот развој и продуктивноста на културите. Повеќето штетни влијанија настануваат поради конкурентските односи меѓу одгледуваните култури и плевелните растенија, како што се: а) намалување на вегетациониот простор на културите, што го отежнува оптималното развивање на одделни подземни и надземни органи на одгледуваните култури; б) засенчување, кое резултира со неоптимално користење на енергијата од сончевата радијација и на асимилацијата на ЦО , нужни за оп
2
тимално одвивање на фотосинтезата; в) силна конкуренција во искористувањето на водата и минералните хранителни материи од почвата, г) отежнување и поскапување на агротехничките операции, како на оние што се изведуваат пред сеидбата или садењето така и на операциите што се изведуваат во текот на вегетацијата и во текот во бербите на одделните култури. Р. Л.

Плевелна вегетација во житното поле во Пелагонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *