ПЛЕВЕЛНА

ПЛЕВЕЛНА (КОРОВНА) ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ – антропогено условена вегетација што се развива на површини каде што се одгледуваат земјоделски култури. Плевелните растителни видови формираат специфични плевелни фитоценози, кои предизвикуваат големи штети врз житните и индустриските култури, бидејќи се јавуваат како нивни конкуренти во користењето на животниот простор и на хранливите материи. Имаат силно развиен коренов систем и црпат големи количини вода од подлогата, а често побрзо и поефикасно ги користат лесно достапните минерални материи од почвата. Од синтаксономски аспект, плевелните растителни заедници што се развиваат на територијата на РМ припаѓаат во класата Сецалиетеа Бр.-Бл. 51 (плевелните заедници по сегеталните посеви) и класата Цхеноподиетеа (Бр.-Бл. 51) Оберд 57 (нитрофилни и плевелни заедници по окопните култури). Во рамките на овие класи се издвоени неколку редови и сојузи, како и повеќе асоција
ции. Посебен придонес во запознавањето на заедниците од овој вегетациски тип претставуваат
бројните трудови на академик Ристо Лозановски. Вл. М.

Јордан
Плевнеш

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *