ПЛЕВНЕШ, Јордан

ПЛЕВНЕШ, Јордан (с. Слоештица, Демир Хисар, 29. Ⅹ 1953) – драмски писател, поет, раскажувач, дипломат, амбасадор на РМ во Франција; Советник на Претседателот на РМ (од 2009). Работел во Институтот за македонска литература (1985–1988). Предавал креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети (Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, Универзитетот на Тексас во Далас, Универзитетот Јел и Универзитетот Орсе во Париз). Член е на ДПМ од 1982 г. и на Македонскиот ПЕН центар. Дебитира со збирката поезија „Теорија на отровот“ (1980). Драмското писмо на Плевнеш, кое е поблиско до манирот на експресионистичката (германска) или авангардната (руска) драматургија, отколку на домашната македонска традиција, континуирано произведува с¢ полапидарни, поелиптични текстови. Неговиот говор не е само редуциран, фрагментиран, палимпсестички, туку с¢ почесто е шифриран во слики.
ДЕЛА: Теорија на отровот (поезија, 1980), Еригон (драма, 1982), Мацедонише цуштенде и Југословенска антитеза (драми, 1987), Р (драма, 1987), Бесовскиот Дионис (студија, 1989), Подземна република, Безбог, Среќата е нова идеја во Евро
па (драми, 1992–1998).
ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на
македонската книжевност ⅩⅩ век (1990),

Јелена Лужина, Македонската нова драма (1996); Јелена Лужина, Театралика (2000). В. М.-Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *