ПЛОЧИ ОД ИСИТНЕТО ДРВО

ПЛОЧИ ОД ИСИТНЕТО ДРВО
– посебен сегмент од дрвната индустрија. Тие претставуваат плочести дрвени материјали, изработени од честички од дрво или од честички од други лигноцелулозни материјали, слепени со органско или со неорганско врзно средство (лепило) и со учество на еден или повеќе фактори (топлина, притисок, катализатор и сл.). Плочите од иситнето дрво се изработуваат од раздробена дрвна суровина во форма на иверки, волна и влакна. Во оваа група дрвени плочи влегуваат: разни видови плочи од дрвени иверки (од стандардни и од ориентирни иверки), разни видови плочи од дрвени влакна, дрвоцементни и други видови плочи. Производството на плочи од иситнето дрво се базира на големо искористување на дрвото (пред с¢ на помалку значајна дрвна суровина) и на разни видови други лигноцелулозни материјали. Б. Ил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *