ПЛУСКАВЕЦ

ПЛУСКАВЕЦ (Цолутеа арборесценс Л., фам. Фабацеае) – крупна грмушка со ареал во Јужна Европа и во Северна Африка. Листовите се непарно перести, со 7–11 ситни, елипсовидни ливчиња. Цветовите се жолти, во исправени гроздовидни соцветија. Плодот е мешунка со тенка, кожеста опна, исполнета со воздух, кога ќе се притисне пука. Кај нас е општо распространета во термофилните шуми. Ал. Анд.

Мариовски плускавец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *