ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО

ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА НА ДРВОТО – еден од последните технолошки процеси во производството на финални производи од дрво (мебел, ентериер и друго). Површинската обработка овозможува заштита на дрвените површини и промена на декоративниот изглед на површините, што се постигнува со примена на различни материјали и методи. Површинската обработка на финалните дрвени производи може да биде: транспарентна, покривна, со отворени или со затворени пори, како и со различен степен на сјај. Квалитетот на површинската обработка на мебелот и на ентериерот има големо значење во мебелното производство. Високиот квалитет на површинската обработка се постигнува со исполнување на неколку услови: избор на соодветна подлога, избор на материјалите за површинската обработка и преку правилна површинска обработка. Б. Ил.
М. К. Цепенков
„Македонски
народни
умотворби“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *