ПОДГОРЕЦ, Видое

ПОДГОРЕЦ, Видое (с. Колешино, Струмичко, 8. Ⅵ 1934 – Скопје, 14. Ⅳ 1997) – поет, раскажувач, романсиер, автор за деца и младина, патописец, преведувач, антологичар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил уредник во „Детска радост“ и главен уредник и директор на НИК „Наша книга“. Еден од најплодните македонски автори. Во поезијата за возрасни низ префинета лирска постапка пее за детството, минливоста, љубовта и тагата. Во расказите, повестите и романите тема се подалечното и поблиското минато на Македонија, со нагласена документаристичка постапка.
ДЕЛА: стихозбирки: Мугри над тополите, Ск., 1958; Време на љубовта, Ск., 1967;
Вечерни ѕвона, Ск., 1968; Зарастен бунар, Ск., 1978, книги за млади: Развигорче, Ск., 1956; Тихо доаѓаат соништата, Ск., 1963; Чудесна шума, Ск., 1989; Венче невенче, Ск., 1994, романи за возрасни: Македонска голгота, Ск., 1978; Корените на судбината, Ск., 1982; Карпошовата буна, Ск., 1983; Перуновите потомци, Ск., 1989; романи за деца и млади: Ајдучка чешма, Ск., 1964; Задкарпатска повест, Ск., 1966; Рајна Војвода, Ск., 1971; Дивиот рај, Ск., 1983; Туника или прва љубов, Ск., 1987; Исчезнатиот рај, Ск., 1297; повестите: Аз, буки, веди, Ск., 1969; Крали Марко, Ск., 1991; Златко, Ск., 1995. Негово најпознато класично дело е трилогијата Белото циганче, Ск., 1966. В. Тоц.

Бојан
Подолешов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *