ПОДОЛЕШОВ, Бојан Димчев

ПОДОЛЕШОВ, Бојан Димчев
(Велес, 18. И 1932) – редовен професор (1975) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 1996). Дипломирал (1955) во Скопје, а докторирал (1964) во Белград. Бил една година на специјализација на Фармацевтскиот факултет во Белград. Изведувал додипломска настава по органска хемија, по биохемија и по органска стереохемија (на постдипломските студии на Институтот за хемија на ПМФ). Бил раководител на Заводот за органска хемија и биохемија на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. Научната работа му е од областа на синтезата на органски соединенија, оксидационите реакции во органската хемија и изолацијата и идентификацијата на природни производи. Бил раководител и учесник во обработката на неколку научноистражувачки проекти. Објавил повеќе од 40 научни трудови (половината во меѓународни списанија).
ЛИТ.: Природно-математички факултет – Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 220; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, 244. Б. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *