ПОЛАЗУВАЊЕ

ПОЛАЗУВАЊЕ (Полазник, Полазовен) – календарски обичај од зимскиот циклус празници околу Новата година. Тогаш се прогнозирала, но и се иницирала среќата и напредокот во наредниот период. Се верувало дека од тој што прв ќе влезе во куќата, ќе зависела среќата и напредокот на семејството. Ако е тој среќен, ќе донесе среќа и обратно. Ако прво влезе машко, ќе се раѓаат машки деца, но и машко потомство од стоката (овци, говеда, живина и сл.). Се верувало дека ако прв во куќата влезе млад и убав човек (момче или девојка), ќе донесат среќа, ако пак е некој старец или баба, дека не ќе биде на добро. Поради тоа некои семејства поканувале некои луѓе што биле познати како среќни и работливи први да ги посе-тат на празникот. При влегувањето полазникот благословувал, а домашните го честеле со нешто благо, за да биде блага годината. Ако
годината била бериќетна, следната

Црквата „Велики Поклади“ во реканскиот крај, Ростуше, Велебрдска корија
година го поканувале истиот полаз
ник, во спротивно барале друг. Овие обичаи и верувања најчесто се поврзани со празниците околу Нова година, Игнат, Бадник, Божик, Василица, но во некои места обичајот се изведувал и на Варвара, Мартинци и други празници. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *