ПОЛЕЖИНОВСКИ, Владимир

ПОЛЕЖИНОВСКИ, Владимир
(Кичево, 6. ⅩⅠⅠ 1912 – Скопје, 19. Ⅵ 1980) – правник. Завршил и докторирал на Правниот факултет на Сорбона во Париз (1938). По враќањето во Македонија, како член на МК на КПЈ во Кичево се вклучил во подготовките за НОБ (1941). Бил уапсен и испратен во логорот Порто Романо во Албанија (мај 1943). По капитулацијата на Италија се вратил во Македонија и се вклучил во НОАВМ (септември 1943). Во ГШ на НОВ и ПОМ бил задолжен за изградбата на народната власт. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, избран за секретар на Президиумот и учествувал во составувањето на актите донесени на заседанието. Вршел значајни државни функции. По резолуцијата на ИБ (1948) бил сменет од сите функции и уапсен.
ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, Биографии на делегати на АСНОМ, ф. АСНОМ. Вл. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *