ПОЛЕНАКОВИЌ, Момир Харалампиев

ПОЛЕНАКОВИЌ, Момир Харалампиев (Скопје, 26. Ⅳ 1939) – интернист-нефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1988). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1963). Се вработил на Интерната клиника при Мед. ф. во Скопје во 1965 г., каде што ја завршил специјализацијата по интерна медицина (1969). На усовршување-супспецијализација од подрачјето на нефроимунопатологијата бил во Белград (1971), во Чикаго, Бостон, Сан Диего (САД) (1972–1973) и во Лондон (1977). Докторската дисертација ја одбранил (1977) на Мед. ф. во Скопје на тема „Клиничко-имунолошка процена на патолошките настанувања во бубрежните гломерули“. Изведувал додипломска и с¢ уште изведува постдипломска настава на Мед. ф. по предметот вовед во клиничко-истражувачката работа. Од 1975 г. е шеф на оддел на Клиниката за нефрологија. Како стипендист на СЗО престојувал во нефролошките оддели на универзитетите во Стокхолм, Мин-хен и Лондон (1983). Како Фулбрајтов визитинг-професор престојувал во Чикаго, САД (1991–1992). По покана држел предавања во Лос Анџелес, Хјустон, Чарлстон и во Бетезда, Њасхингтон ДЦ на Натионал Институтес оф Хеалтхс (НИХ). Од 1982–1990 г. бил член на Колегијалниот раководен орган на Клиниката за нефрологија, а во 1990– 1998 нејзин директор. Бил продекан на Мед. ф. (1982–1984). На Клиниката за нефрологија формирал лабораторија за ренална имунологија и првпат во нашата земја ја вовел перкутаната бубрежна биопсија и имунохемиските методи во патоморфолошката анализа на бубрежното ткиво (1970), имуносупресивната терапија и лекувањето со плазмафереза на имунолошки заболувања. Ја дал класификацијата на гломерулонефритите во РМ. Учествувал во воведувањето на лекувањето на АБИ со ХД (1965), на лекувањето на ХБИ со ХД (1971) и во изведувањето на првата бубрежна трансплантација (1977). Учествувал во формирањето на повеќе центри за ХД во РМ. Вовел супкутано лекување со еритропоетин на пациенти со ХБИ на ХД (1990). Особен придонес дал во иследувањето на гломерулните и тубулоинтерстицијалните болести (Балканска ендемска нефропатија – БЕН), на хепатитите кај болните на ХД, на ХБИ и на лекувањето со дијализа и афереза. Автор и коавтор е на над 460 труда објавени во земјата и во реномирани списанија во странство. Публикувал повеќе поглавја од нефрологијата во учебници. Во две изданија на Оџфорд Теџтбоок оф Цлиницал Непхрологѕ напишал поглавје за БЕН. Бил уредник на 10 зборници од нефролошки конгреси и состаноци. Раководел и учествувал во 10 национални и 2 меѓународни научноистражувачки проекти. Одржал голем број предавања по покана на повеќе универзитети (Лондон, 1977 и 1983; Лајден, 1989; Белград, 1982, 1983; Загреб, 1983; Љубљана, 1985; Дејтон, 1995; Болоња, 1997; Измир, 1999; Ахен, 1999; Солун, 2001; Софија, 2004), на конгреси и научни состаноци. Основач е и секретар (1970), а подоцна и претседател на Здружението на нефролозите при МЛД. Бил еден од основачите (1975), а потоа претседател (1985
–1989) на Здружението на нефролозите на Југославија. Претседател на МЛД (1984–1986) и на Македонското здружение за базична, клиничка имунологија и алергологија (1992–1996). Основач е и претседател на МЗНДТВО (1992), основач, а подоцна и претседател (1995–1997 и 2005–2007) на БАНТАО. Основач и прв претседател на Македонско-американското друштво за пријателство. Ги организирал македонско–српските (Охрид, 2003; Белград, 2004) и хрватско-македонските нефролошки денови (Сплит, 2006). Организирал повеќе нефролошки состаноци и конгреси со меѓународно учество. Член на ЕРА/ЕДТА, ЕСАО (8 години гувернер) и на ИСН. Почесен член е на Здружението на нефролозите на Бугарија (1995), на Академијата на медицинските науки на Српското лекарско друштво (1998), на Академијата на медицинските науки на Хрватска (2002). За надворешен член на САНУ е избран во 1994 г., за редовен член на МАНУ на 26. Ⅵ 1997, за член на Њујоршката академија на науките (САД) во 2002 г., на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург (2006), на Светската академија на уметноста и науката (Сан Франциско 2006) и на Леибнитз-овото научно друштво во Берлин (2007). Бил секретар на Одделението за биолошки и медицински науки на МАНУ (2002– 2004) и потпретседател на МАНУ (2004–2007). Главен и одговорен уредник е на публикацијата „Прилози (Цонтрибутионс)“ на Одделението за биолошки и медицински науки на МАНУ, член на Уредувачкиот одбор на списанијата „Ацтуал Непхрологѕ“ (Варна, Бугарија), „Ацтуалитѕ в нефрологии“ (Чешка Република), „Македонско списание за медицина“ (Скопје), на ММП (Скопје), ЈАМА („Јоурнал оф Америцан Медицал Ассоциатион“), југословенско издание и на „Непхрологѕ Диалѕсис Трансплантатион“, списание на ЕРА/ЕДТА. Основач е и помошник едитор на „БАНТАО Јоурнал“ (Скопје). Добил повеќе награди и признанија, меѓу кои и Дистингуисхед Интернатионал Медал фор 1997 оф тхе Натионал Киднеѕ Фоундатион (САД).
ИЗВ.: Пристапни предавања, прилози и
библиографија на новите членови на Македонската академија на науките и уметностите, кн. ⅩⅤⅠⅠⅠ, Скопје, 2000, 81–154.
БИБЛ.: Исхрана кај болни со бубрежна инсуфициенција и на дијализа, Скопје, 1997; коавтор: Ендемска нефропатија, Београд, 2000; Инфекции, хемостатски нарушувања и антибиотичка терапија кај болни на хемодијализа; Скопје, МАНУ, 2004; Современа дијагностика и терапија во медицината – 2000, прирачник за лекари, Скопје, 2000; Клинички испитувања во интерната медицина: интерна пропедевтика, Куманово, 2004; Интерна медицина, Куманово, 2003. Вл. С.
Радмил
Поленаковиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *