ПОЛЕНАКОВИЌ, Радмил Момиров

ПОЛЕНАКОВИЌ, Радмил Момиров (Скопје, 14. Ⅲ 1967) – машински инженер, универзитетски професор. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје (1986–1991), магистрирал технички науки на истиот факултет од областа на ергономијата (1991–1994), специјализирал на Државниот универзитет Аризона во Темпли, САД (1995– 1996) и докторирал на технички науки на Машинскиот факултет во Скопје од областа на менаџментот (1996–2001). На истиот факултет бил асистент (1991– 2002), доцент (2002–2006) и вонреден професор (2006–) по Претприемништво и мал бизнис, Менаџмент на човечки ресурси, Ергономија, Деловна логистика и др. Основач и раководител е на Центарот за развој на нови бизниси. Предавал и на постдипломските студии во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и на Економскиот факултет во Прилеп. Бил раководител на 16 национални и меѓународни проекти. Член е на поголем број стручни здруженија и асоцијации во земјата и во странство. Автор и коавтор е на десетина книги и 116 научни и стручни статии и други прилози.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *