ПОЛЕНАКОВИЌ, Харалампие

ПОЛЕНАКОВИЌ, Харалампие
(Гостивар, 17. И 1909 – Скопје, 15. Ⅱ 1984) – литературен историчар, сестран македонист, универзитетски професор, академик, основоположник на современото македонско литературозналство. Заслужник во градбата на македонското високо школство на Скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“ и посебно во формирањето и афирмацијата на Филолошкиот факултет. Ја извишува улогата и смислата на фактографијата на науката на најзавидно рамниште, втиснувајќи $ на македонската литературна наука уште на самиот нејзин еруптивен почеток печат на позитивистичка строгост, уважение на историското познание, операционализам и сестрана мобилност на изворните познанија. Како прв меѓу првите во раздвижбата на македонските хуманитарни научни дисциплини, демонстрира осмислување на почетната, темелна и ударна етапа во развитокот на народонауката и литературозналството што ќе ги разбуди и поттикне процесите на пасионирано собирање и обработување на фактите и податоците, новооткриени и новосогледани, и ќе ги поврзе со стремежот и напорите кон ново нивно читање и толкување. Роден во семеен круг на новодоселени Власи од Јужна Албанија (селото Полена близу до Москополе), се школува во родниот град и во Скопје во периодот меѓу двете светски војни, станувајќи му (кон 1934) домороден соработник на реномираниот научник Петар Колендиќ и стартувајќи во науката како Рацинов врсник во сеопштата македонска духовна преродба, втиснувајќи им на забрзаните процеси на македонското национално конституирање белези на функционален допир со минатото и изворно проучување и толкување на историјата. Ваквиот категоричен императив проговорува поцелосно во етапата по неговото враќање од Белград во Скопје (1946), кога во РМ се полагаат основите на високото школство на македонски јазик, кога низ забрзаните процеси на надомест на пропуштеното и неслученото во националниот развиток, токму нему, како на системен, продуктивен, љубопитен и сестрано подготвен истражувач на македонскиот пишуван збор ќе му падне делот да го организира литературниот сектор на народонауката и да ги положи (заедно со Димитар Митрев и Блаже Конески) темелите на македонистиката. Работниот век му е врзан главно за неговото професорување на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Прв и повеќегодишен титулар на Катедрата за историја на јужнословенските литератури во тој подолг период (1946–1984), тој создава како професор, ментор и штедар прикрепник недоброј високообразовани кадри за потребите на македонската просвета, култура и уметност и грандиозно научно дело. Член е на Македонската академија на науките и уметностите и прв нејзин потпретседател уште од нејзиното формирање (1967). Член е на Српската и на Босанско-херцеговската академија на науките и уметностите. БИБЛ.: Страници од македонската кни
жевност (1951), Избрани дела во пет томови, Скопје, 1973; Избрани дела, во шест томови, Скопје, 1988/1989 во редакција на Томе Саздов и Ванчо Тушевски (И. Во муг-рите на словенската писменост, Ⅱ. Студии од македонскиот фолклор, Ⅲ. Ни
кулците на новата македонска книжевност, Ⅳ. Во екот на народното будење, И. Студии за Миладиновци и Ⅵ. Книжевно
историски прилози.
ЛИТ.: Вера Антиќ, шеесетгодишнина на проф. Харалампие Поленаковиќ, „Литературен збор“, Скопје, ⅩⅤⅠ (1969), 6; Миодраг Друговац, Студии од Македонската литературна историја, „Современост“, Скопје, ⅩⅩⅢ (1973), 10; Радомир Ивановиќ, Изабрана дела Х. Поленакови-ђа, „Зборник за славистику“, 1978, 14; истиот, широки научни хоризонти, „Современост“, Скопје, ЏЏВИИИ (1978), 1–2; Блаже Конески, „Споменица“ посветена на починатиот Харалампие Поленаковиќ, редовен член на МАНУ, Скопје, 1985; Науме Радически, Академикот Харалампие Поленаковиќ – добитник на Наградата АВНОЈ, „Студентски збор“, Скопје, г. ЏЏЏИИ (1980), бр. 826; Томе Саздов, Портрет на академикот Харалампие Поленаковиќ, „Развиток“, Битола, ⅩⅤⅠⅠ (1979), 1; Гане Тодоровски, Нови прилози на Х. Поленаковиќ за македонската литература, во: Со збор кон зборот, Скопје, 1985; Ванчо Тушевски, Прилози кон проучувањето на книжевноисторискиот лик на Харалампие Поленаковиќ, „Годишен зборник“ на Филолошкиот факултет во Скопје, 1987, 13; истиот, Книжевниот историчар и педагог Харалампие Поленаковиќ 1909–1984, поговор кон том Ⅵ од Избраните дела на Х. Поленаковиќ, Скопје, 1989, стр. 685–705. Г. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *