ПОЛЕНАК, Панта

ПОЛЕНАК, Панта (Гостивар, 1911 – Скопје, 1990) – правник, адвокат. Пред Втората светска војна дипломирал на Правниот факултет во Белград, а во времето на војната го положил адвокат-

Панта
Поленак

ско-судскиот испит во Софија. Бил член на Градскиот НОО на Скопје (1944), формиран пред неговото ослободување. По Ослободувањето бил регистриран адвокат под бр. 1 на Адвокатската комора на НРМ. Бил страстен вљубеник во спортот и еден од основоположниците на одбојката, гимнастиката, боксот, ватерполото и други спортови во Скопје. Организирал и компонирал бројни слетски вежби. Бил активист на Спортското друштво „Вардар“
-Скопје, секретар на Фискултурниот сојуз на НРМ и претседател на Одбојкарскиот сојуз на СРМ (1964-1973). Се афирмирал како еден од најбараните адвокати во ФНРЈ/СФРЈ. С. Мл.

Билјана Поленаковиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *