ПОЛОГ

ПОЛОГ – котлина во северозападниот дел на РМ. По својот настанок е тектонска котлина, спуштена по должината на раседи помеѓу планините: шар Планина, Сува Гора, Жеден и Буковиќ. Се протега во правец си–јз. Должината на Полошката Котлина е околу 40 км, а просечната широчина е 6,5 км. Најмалата ширина е помеѓу с. Пирок и с. Радиовце 5,2 км. Ова стеснување претставува и граница помеѓу Горни Полог – гостиварскиот дел и Долни Полог
– тетовскиот дел. Котлината зафаќа површина од 1.475 км², а се наоѓа на надморска височина меѓу 300 м и 2.774 м. Рамничарскиот дел зафаќа површина од 33.200 ха, а се протега помеѓу 400 и 600 м
н.в. со просечна надморска височина од 500 м. Рамничарскиот дел на котлината постепено се спушта од Гостивар (520 м) спрема Јегуновце–Раотинце (385 м), како и подножјето на шар Планина спрема Сува Гора и Жеден. Од сите страни е затворена со високи планини, со исклучок спрема источната рамка, каде што по долината на Вардар, низ Дервенската Клисура и преграбенската долина Тетовска Суводолица е поврзана со Скопската Котлина. Во Полог е изворот и горниот тек на реката „ПОЛОГ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Виндзор, Канада, 1981) – друштво на Македонци по потекло од Тетовско. Ориентирано на организирање културни манифестации и спортски активности. Друштвото формирало Спорт-ски клуб „Тетекс“ (1983), кој се натпреварувал во потсојузната лига. Сл. Н.-К.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *