ПОМОЛОГИЈА

ПОМОЛОГИЈА – наука за проучување на сортите овошје, дел од специјалното овоштарство. Поради големиот број овошни видови, а многу повеќе сорти, помологијата во многу земји се издвојува како посебен предмет (дескриптивна помологија). Проф. Тома Димитровски ја публикуваше книгата „Специјално овоштарство со помологија“ во два дела (1974–1978). Б. Р.

ПОП АНДОВ, Ѓорѓи Јорданов
(Велес, 25. ⅩⅠⅠ 1903) – спец. фтизиолог. Медицина завршил во Белград (1931), а потоа работел во Велес. Учествувал во НОБ и бил лекар во болницата во Горно Врановци. Како специјалист фтизиолог бил назначен за управник на Специјалната болница за ТБЦ во Битола (1. Ⅷ 1950), која функционирала до 1. И 1966 г. П. Б.
Тодор
Поп Антов

ПОП АНТОВ, Тодор (с. Ваташа, Тиквешко, 28. Ⅱ 1875 – Пловдив,
29. ⅩⅠⅠ 1954) – учител, револуционер, член на ЦК на ВМОРО. Завршил егзархиска гимназија во Солун (1895). Студирал хемија во Женева. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна.
ИЗВ. и ЛИТ.: Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912, Спомени, Софи®,
1981; Т. Поп Антов, Спомени. Предговор и редакција на З. Тодоровски, Скопје, 2002. Ал. Тр.

Христо
Поп Антов

ПОП АНТОВ, Христо (с. Ваташа, Тиквешко, 16.Ⅴ 1879 – Софија, 31. И 1964) – учител, револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Завршил педагошко училиште во Скопје (1899), а право во швајцарија. Учителствувал во Кавадарци. Бил раководител на ОК на ТМОРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Бил судија во Скадар (1910), а потоа адвокат во Софија.

ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Делчев, Спомени – Документи – Материали, Софи®, 1988; Х. Поп Антов, Спомени. Предговор и редакција на
З. Тодоровски, Скопје, 2006. Ал. Тр.

Славко Поп Антоски

ПОП АНТОСКИ, Славко (Прилеп, 21. Ⅺ 1913) – редовен проф. на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, на наставно-научните дисциплини општо полјоделство со агроекологија и заштита од ерозија. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Бел-град. Учесник е во НОБ од 1941 г. По војната бил помошник-министер за земјоделство и шумарство на НРМ; член на Сојузниот совет на Југославија за научна работа; проректор на Универзитетот во Скопје; член на АСНОМ; народен пратеник во Собранието на НРМ. По формирањето на Универзитетот „Св. Кирил и Медодиј“, избран за декан на новооснованиот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје. На оваа функција, заедно со Наставно-научниот колегиум, има многу значаен придонес во втемелувањето и развојот на високошколската настава по земјоделство и шумарство и во развојот на научноистражувачките активности во РМ. Неговите научноистражувачки активности се насочени кон проучување и разрешување на низа проблеми од агроекологијата и агротехниката. И во двете области има постигнато резултати со трајни вредности. Р. Л.
ПОП ГЕОРГИЕВ, Димитар
(Пехчево, 11. Ⅹ 1925 – Скопје, 27. ⅩⅠⅠ 1994) – универзитетски професор, правник. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Штип. Дипломирал на Правниот факултет во Бел-град (1949), каде што и докторирал (1955), на тема „Сопственоста на чифлиците и чифлигарско-аграрно-правните односи во Маке-

Димитар Поп Георгиев
донија до Балканската војна од 1912 година“. Избран за асистент на Правно-економскиот факултет во Скопје (1951), за доцент (1956), за вонреден (1962) и за редовен професор на Правниот факултет во Скопје по предметот граѓанско право (1966). Учесник во НОБ и член на КПЈ (1944). Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1967–1969) и судија на Уставниот суд на СРМ (1980– 1987). Објавил поголем број учебници и научни трудови од областа на граѓанското и облигационото право.
БИБЛ.: Димитар Поп Георгиев, Општествена сопственост, Скопје, 1966; Облигационо право, Скопје, 1985. ЛИТ.: Годишник во чест на Димитар Поп Георгиев, Скопје, 2006. Св. ш.

Борис Поп Ѓорчев
ПОП ЃОРЧЕВ, Борис (Велес, 22. Ⅶ 1933) – новинар и публицист. Во НИП „Нова Македонија“ од 1953 г. до пензионирањето (1993). Соработник, уредник, коментатор на Спортската, Внатрешнополитичката и Надворешнополитичката рубрика. Дописник од Москва (1975–1979), известувач од многубројни настани во земјата и во светот. Еден од основачите на „Спортист“ (1955) и „Вечер“ (1963 –1970). Заменик на главниот и одговорен уредник на „Вечер“ и на „Нова Македонија“ и шеф на дневните редакции. Долгогодишен дописник на повеќе југословенски весници и списанија. Најдолго на „Вечерњи лист“ и „Данас“ (Загреб). Раководител на Прес-центарот на шаховската олимпијада (1972). Ѓ. Ст.
ПОП КОЦЕВ, Христо (с. Ново Село, Штипско, 5. И 1869 – Варна, Бугарија, 30. Ⅳ 1933) – член на ЦК на ТМОРО и публицист. Се школувал во Солун, во Белград и во Софија. Завршил филологија. Бил учител во Цариград, Одрин, Штип и Солун. Бил член на ЦК на ТМОРО (1896–1897). По Виничката афера (1897) осуден и амнестиран (1902). Бил учесник на Солунскиот конгрес (1903), член на ЦК (1903–1904), директор на гимзијата во Штип (1916–1917), кмет на Скопје (1917–1918). Во ВМРО бил протогеровист.
ЛИТ.: СборникÍ „ИлинденÍ 1903–1921“, София, 1921; Борис Николов, ВÍтрешна македоно-одринска револÓциона организация (воŸводи и рÍководители 1893–1934), София, 2001. В. Ѓ.
Поп Стојан
Разловски

ПОП СТОЈАН (Разловци, ок. 1800 – Рилски манастир, 1876) – црковен и револуционерен деец, еден од организаторите и водачите на Разловечкото востание (1876), најблизок соработник и дедо на Димитар Попгеоргиев-Беровски. Се грижи за организирањето и набавката на оружје и учествува во востаничките борби. Поп Стојан е запомнет од народот како главен подготвувач, поради што востанието било нарекувано Попстојаново. Животот го завршил во Рилскиот манастир
– според пишувањето на син му, тој се самоубил, а според Д. П. Беровски, тој е убиен од манастирската стража.
ЛИТ.: Ристо Поплазаров, Ослободителните вооружени борби на македонскиот народ во периодот 1850–1878, Скопје, 1978, 253–265; Танас Вражиновски, Македонски историски преданија, Скопје, 1992, 190-195; Александар Трајановски,
Димитар Поп-Георгиев – Беровски (1840– 1907), Штип, 1990. Б. Р.-Ј.
ПОП ТРАЈКОВ, Лазар (с. Дмбени, Костурско, 10. Ⅵ 1877 – с. Трново, Костурско, 11/12. Ⅹ 1903) – костурски војвода и поет. Завршил гимназија во Солун (1898). Бил организатор на првите револуционерни комитети во Костурско. Во Илинденското востание бил член на Костурското горско началство. Во борба со османлиската војска во Мариовско бил

Лазар Поп Трајков
тешко ранет, а предавникот Коте Христов од Рула за 50 турски лири, добиени од грчкиот костурски владика Германос Каравангелис, му ја пресекол главата. Автор на поемата „Локвата и Вињари“.
ЛИТ.: А. Близнаков, Епопејата на Локвата и Вињари, Прилози за Илинден 1978, Ⅱ, Крушево, 1979. Ал. Тр.
ПОП ХРИСТОВ, Георги (с. Крстоар, Битолско, 1878 – Софија, 19. Ⅱ 1962) – учител, револуционер, учесник во Илинденското востание. Завршил педагошки курс на Солунската егзархиска гимназија (1896). Бил учител во Кавадарци, Прилеп и Битола и член на Битолскиот окружен комитет (1900– 1903). Учесник на Смилевскиот конгрес (1903) и во Илинденското востание во Леринскиот реон. Во 1910 г. бил уапсен и заточен во Мала Азија, избегал во 1911. По Првата светска војна бил член на ЦК на ВМРО (1925), а од 1928 во протогеровистичката ВМРО.
ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924– 1934, Скопје, 1997. З. Тод.

Вукашин Попадиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *