ПОПАДИЌ, Марија

ПОПАДИЌ, Марија (Мириам Схенфелд) (с. Игал, Унгарија, 12. Ⅵ 1904/1905) – училиштен лекар, Еврејка. Медицина завршила во Загреб (1930). Работела во Штип, а потоа во ДНЗ во Битола (16. Ⅱ 1932), каде што ги раководела ДД, вакцинациите и Патронажната служба. Во 1934 г. отворила и Советувалиште за мајки со деца. Во периодот од 1941–1944 г. работела во Обласната хигиенска лабораторија и била училиштен лекар. Во втората половина на 1944 г. заедно со сопругот им се приклучиле на партизаните. По Ослободувањето, до пензионирањето, работела во ДД во Скопје. П. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *