ПОПАРСОВ, Петар

ПОПАРСОВ, Петар (с. Богомила, Велешко, 21. Х 1872 – Софија,
1. И 1941) – македонски културнонационален и револуционерен деец, „лозар“, гимназијален професор, писател и публицист. По школувањето во родното село, во Велес и во Солун, како еден од антиегзархиските бунтовници, заедно со поголема група ученици од Солунската гимназија, се префрла на школување во Белград (1889). Како студент на Великата школа рано ја почувствувал манипулацијата на пропагандите и на почетокот на следната година се префрла на Историско-филолошкиот факултет на Вишото училиште во Софија. Тогаш главно

„Стамболштината во Македонија и нејзините претставници“ од Вардарски (П. Попарсов) Виена (1894)
од солунските и белградските бегалци се создава јадрото на „лозарското“ движење. Член е на „Тајната дружба“ (крајот на 1890), од која се создава Младата македонска книжовна дружина, која од јануари 1892 г. почнува да го издава својот орган „Лоза“, а тој е еден од главните нејзини редактори и соработници. Поради националната концепција на Програмата на ММКД и национално-сепаратистичката ориентација на списанието и македонската јазичноправописна тенденција, во бугарската јавност се поведува кампања и терор против „македонскиот национален сепаратизам“. Наскоро Дружината и сп. „Лоза“ се оневозможени. По дипломирањето Попарсов станува професор во Солунската гимназија и заедно со петмина други млади интелектуалци ја поставуваат основата на МРО (23. Х 1893). Како член на ЦК на МРО, присуствува на организационата средба во Ресен (1894), а под псевдонимот Вардарски ја објавува брошурата „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ (1894) што ги претставува основните концепции на Програмата на МРО. Активно учествува на Солунскиот конгрес на МРО (1896), но по Виничката афера (1897) е уапсен и осуден на 101 година робија. Откако е амнестиран (1902), ја продолжува дејноста во Велешко, но спроти Солунските атентати одново е уапсен и од Скопскиот затвор излегува еден ден пред објавувањето на Илинденското востание. Станува учител во Скопје (1903/ 04), а потоа во Солун. Одново е кооптиран во ЦК на ТМОРО, но скоро се повлекува. Од јули 1904 г. е интерниран во родното село, а во август е надворешен претставник на ТМОРО во Софија. Иако не учествува на Рилскиот конгрес (1905), избран е за член на Задграничното претставништво. По убиството на Сарафов и Гарванов (1907) е уапсен во Софија, но наскоро пуштен и се враќа во Скопје (мај 1908). Активно учествува во задушувањето на султановата контрареволуција (1909). Како учител во Педагошкото училиште во Скопје (подоцна и директор и моарифски инспектор), неуспешно учествува во изборите за пратеник, а заедно со
К. Мисирков и со бившиот митрополит скопски Теодосија Гологанов, прави обид да се отвори македонска Висока педагошка школа во Скопје (1910). Во Првата балканска војна се засолнува во Велес и со Д. Чуповски ја организира Општомакедонската конференција за спас на окупираната Македонија, на која Македонската колонија во Петербург е ополномоштена да ги застапува македонските интереси во странство (декември 1912). Спречен е да заминат со Чуповски во Париз и Лондон. По Букурешкиот договор (1913) станува учител во софиското село Костенец. Член е на Привременото претставништво на обединетата поранешна ВМРО во Софија, потписник на Апелот (15. Ⅲ 1919) и соработник на органот „БÓлетинÍ“. По Версајскиот мировен договор и конечната поделба на Македонија наполно се повлекува од јавниот и политичкиот живот. Автор е на драмскиот спев на македонски јазик „Самуил Брсјак“ („БÓлетинÍ“, 4, София, 3. Ⅵ 1919, 6).
БИБЛ.: Стамболовçината вÍ Македония
и неŸнит‹пр‹дставители, В‹на, 1894. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонски летопис. Раскопки на литературни и национални теми, Ⅱ, Скопје, 231–242; истиот,
Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001, 350–359. Бл. Р.
ПОП-АТАНАСОВ, Ѓорѓи (с. Елешница, Разлошко, Пиринскиот дел на Македонија, 1940) – историчар на книжевноста, археограф, старословенист. Своето високо образование го оформил на Богословскиот факултет во Софија, каде што дипломирал во 1967 г. Од 1972 г. живее и работи во РМ (Македонска архиепископија, Републички завод за заштита на спомениците на културата, Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Институт за македонска литература). Во последнава институција работел до редовното пензионирање и во неа развил најплодотворна дејност. Магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје „Блаже Коне
Ѓорѓи
Поп-Атанасов

ски“. Неговите бројни трудови се однесуваат на старата македонска литература.
БИБЛ.: Кичевскиот октоих ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1978; Речник на старата македонска литература, „Македонска книга“, Скопје, 1989; Библијата за Македонија Македонците, „Менора“, Скопје, 1995; Стари записи, „Менора“, Скопје, 1996. В. С.-А.

Марија
Поп-Ацева
-Христова

ПОП-АЦЕВА-ХРИСТОВА, Марија Божидарова (Скопје, 24. ⅩⅠⅠ 1933) – спец. по микробиологија со паразитологија, редовен проф. на Мед. ф. (од 1992). Дипломирала медицина во Скопје (1960), специјализирала (1966) и докторирала (1980) за влијанието на антибиотиците врз продукцијата на плазмакоагулазата и нејзината примена како брз метод за одредување на осетливоста на Стапхѕлоцоццус ауреус кон антибиотиците. Била директор на Институтот за микробиологија со паразитологија (1988–1998). Се усовршувала на Институтот за тропски болести во Хамбург, а престојувала во научно-техничката соработка во Либиската Џамахирија. Аплицирала техники за докажување на имунифлуоресцентни антитела кај паразитите и кај ентеробактериите, за култивирање на анаеробни бактерии и за серолошка типизација на салмонелла. Автор е на над 106 трудови.
ИЗВ.:Билтен УКИМ бр. 579.
БИБЛ.: Микробиологија, во: Современа
дијагностика и терапија во медицината,
Кочани, 2000. К. К.-П.

ПОП-ЈОРДАНОВ, Јордан (Велико Градиште, Југославија, 23. Ⅺ 1925) – унив. професор, нукле

Јордан Поп-Јорданов
арен физичар, филозоф, енергетичар, академик на МАНУ. Гимназија завршил во Штип. Дипломирал филозофија во Скопје (1956) и електротехника во Бел-град (1960). Докторирал на Отсекот за техничка физика на ЕТФ во Белград (1964). Бил визитинг професор на неколку универзитети во Европа и Америка. Истражувал во повеќе области: физика на неутрони и реакторска физика, енергетика и обновливи извори, фотоволтаичен ефект, расејување на честички, состојба на природната околина и климатските промени, организација на науката, когнитивните процеси од филозофски и феноменолошки аспект, здравствени ризици од електроцентрали, моделирање на процесите на мозочните клетки и др. Главните научни придонеси се однесуваат на нуклеарна техника („метод на Поп-Јорданов“ во реакторска неутроника); електроенергетика (мултидимензионална интерпретација на околински ризици); одржлив развој (негентропски концепт и ментални индикатори); невронаука (квантни ментални спектри) и филозофија на природните науки (интерпретација на микрочестичен дуализам). Бил претседател на Научниот совет на Институтот за нуклеарни науки во Винча (1969–1970) во време кога тој институт беше најафирмиран научен центар во Југоисточна Европа, како и декан на Електротехничкиот факултет во Белград (1977–1979). За дописен член на МАНУ е избран на Првото редовно изборно собрание 1969, а за редовен член во 1974 г. Во два мандата бил претседател на МАНУ (1984–1991). Од 1993 раководи со Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали при МАНУ, кој се разви во меѓународно афирмиран „центар на одличност“. Реализирал голем број проекти, од кои преку дваесет имале меѓународен карактер. На редовни и постдипломски студии на Електротехничкиот факултет во Бел-град држел настава по атомска и статистичка физика, енергетска микрофизика и квантна електродинамика. На истиот факултет основал и постдипломска насока за сончева енергија, прва во Југославија од оваа проблематика. Предавал и на постдипломски студии на Природно-математичкиот и Филозофскиот факултет и во Центарот за мултидисциплинарни студии на Белградскиот универзитет, како и на Електротехничкиот факултет во Скопје. Автор е на универзитетските учебници „Нерамнотежна статистичка физика“ (1981) и „Квантна електродинамика“ (1983), како и на неколку книги во земјата и во странство. Објавил околу триста научни труда, од кои две третини во меѓународни списанија и монографии. Неговите резултати се користени во многу странски статии, монографии и докторски дисертации. Учествувал на меѓународни научни собири во дваесетина земји на Европа, Америка и Азија, најчесто како поканет експерт. Бил рецензент на меѓународни научни списанија и референт за избор на професори на универзитети во Европа и Америка. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: Годишна награда на Институтот за нуклеарни науки во Винча „за индивидуално научно остварување“ (1964), Јубилејна награда на Институтот во Винча „за развој на научна област“ (1968), награда на ВРЕН-УНЕСКО за најдобар труд на Светскиот конгрес по обновлива енергија во Денвер (1996), награда на Светската иновациона фондација „За извонреден придонес за науката и човештвото“ (2003), и др. Член е на пет странски академии на науки (Светската, Европската, Интернационалната, Медитеранската и Њујоршката), како и почесен член на Светската иновациона фондација. Како учесник на НОБ во Македонија носител е на Партизанска споменица 1941. Бил и прв првак на Македонија во тенис (1950).
ЛИТ.: Прво редовно изборно собрание. Реферати и прилози, 25 ⅩⅠⅠ 1969 г., 77–88. Т. Б.
ПОП-ЈОРДАНОВА (КОЖИНКОВА), Нада Димитрова (Скопје, 17. Ⅲ 1947) – педијатар, психолог, редовен проф. на Мед. ф. и на Ст. ф. Медицински факултет (1970) и Филозофски факултет – група психологија (1982) завршила во Скопје. Специјалист по педијатрија е од 1977, а докторат по медицински науки одбранила во 1983 г. Прва во земјата воведува мултимодална биофидбек методологија. Од 1984 е наставник на Мед. ф. по предметот педијатрија. На Ст. ф., покрај педијатрија, предава медицинска психологија и
Нада
Поп-Јорданова

етика. Објавила над 200 научни трудови во странски и домашни списанија, 8 книги и поглавја во странски монографии. Избрана е за редовен член на Њујоршката академија на уметностите и науките (1997) и на Светската академија на уметностите и науките (2006). Н. П.-Ј.

Димитар
Попгеоргиев-
Беровски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *