ПОПИВАНОВ, Стефан Македонович

ПОПИВАНОВ, Стефан Македонович (Кочани или Велес, 17. Ⅶ 1875 – СССР, 1932) – гимназијален учител и комунистички деец, татко на Малина и Цеко Попиванови. Поради учеството во атентатот над бугарскиот министер за просвета во Софија, целото семејство му било уапсено (1918). Бил член на БКП. Од политички причини се преселил во Белград (1920), а потоа во Скопје станал секретар на ПК на КПЈ за Македонија (1922). Истовремено неговата ќерка Малина била член на МК на КПЈ во Скопје, а синот Цеко секретар на СКОЈ. По повторното апсење (1924), бил делегат на Ⅴ конгрес на КИ (1924). Подоцна бил повикан во СССР (1929). Извесно време со руски брод престојувал на Балтичкото Море (1931/32). Бил уапсен и осуден во Сталиновите чистки. Посмртно е рехабилитиран (28. Х 1963).
ЛИТ.: Димче и Тодор Зографски, КПЈ и ВМРО (Обединета), ИНИ, Скопје, 1974; Бане Чадиковски, Револуционерниот пат на Стефан Попиванов, „Гласник“на ИНИ, бр. 3, Скопје, 1980; Кузман Георгиевски, Еден светол лик, Сеќавања на современиците за Малина Попиванова, „Гоцеви денови – Песна за Гоце“, Ⅶ, 7, Скопје, 7. Ⅱ 1981, 20-21; Кузман Георгиевски – Саша Маркус,
Македонската револуционерка Малина Попиванова, Скопје, 1985. С. Мл.

Цеко
Стефанов
Попиванов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *