ПОПЛАЗАРОВ, Ристо

ПОПЛАЗАРОВ, Ристо (с. Добрилишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, Грција, 25. И 1933 – Скопје, 30. Ⅶ 1984) – научен советник. По егзодусот на Македонците во Егејскиот дел на Македонија живеел во Чехословачка. Гимназија завршил во Карлови Вари, а Филозофски факултет (Група историја) во Братислава (1960). Во Институтот за национална историја во Скопје дошол на работа во 1964 г. Одбранил докторска дисертација во Братислава на тема „Кресненското востание во Македонија од 1878 г. и неговиот одглас во чешкиот печат“ (1969). Се здобил со сите научни звања во Институтот. Автор е на повеќе монографии и научни прилози. Бил член на редакции на повеќе историографски гласила.
БИБЛ.: Грчката политика спрема Македонија во втората половина на Џ¶Ⅹ век, Скопје, 1973; Ослободителните вооружени борби на македонскиот народ во периодот 1850–1878 година, Скопје, 1978; Санстефанската фикција на посебноста на
Македонија, Скопје, 1978; Ајдучкиот војвода Иљо Марков-Малешевски, Скопје, 1978; Македонско-разлошкото востание, Скопје, 1979.
ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948–1998, Скопје, 1998. Ал. Тр.

Антон
Попов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *