ПОПОВИЌ, Владислав

ПОПОВИЌ, Владислав (Бел-град, 1930–1999) – археолог, универзитетски професор, академик. Докторирал на Сорбона (1956) и работел речиси две децении во Националниот центар за научни истражувања во Париз. Бил професор на Филозофскиот факултет во Белград и член на САНУ. Неговите научни интересирања имаат голем временски и тематски дијапазон, почнувајќи од проблемите на Требениште, преку римската и рановизантиската нумизматика, епиграфијата, особено ранохристијанската, градовите од римскиот царски период (Сирмиум, Царичин Град), потоа словенските инвазии на Балканот и во Македонија, продорот на Кувер и Сермезијанците, Комани-Круе културата итн.
БИБЛ.: Ла дéсцанте дес Коутригоурс, дес Славес ет дес Аварс верс ла Мер Егèе, ЦРАИ, Парис, 1978; Ауџ оригинес де ла Слависатион дес Балканс, ЦРАИ, Парис, 1980. Ел. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *