ПОПОВИЌ, Константин Јакимов

ПОПОВИЌ, Константин Јакимов (с. Дреник, Дебарско, 10. Ⅹ 1915 – Скопје, 12. Ⅸ 1998) – прв спец. радиолог-терапевт во Македонија. Мед. ф. завршил во Бел-град, а во времето на Втората светска војна бил во логор. По војната (до 1951) работел на Мед.
ф. во Белград, каде што и специјализирал радиологија-терапија. Од 1955 г. работел во Скопје на организација и опремување на Одд. за радиотерапија при РТГ институтот, чиј раководител бил од 1956 до 1977 г. Сл. М. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *