ПОПОВСКА, Лилјана

ПОПОВСКА, Лилјана (Прилеп,
24. Ⅴ 1956) – инж.-технолог, политичар. Дипломирала и магистрирала на Технолошкиот факултет во Скопје. Работела во Истражувачкиот институт на „Алкалоид“ во Скопје (1982–1998). Била советник во Советот на град Скопје (1996–1998), заменик-министер за развој (1998–1999), советник на Градоначалникот на градот Скопје (1999–2002), пратеник во три мандати во Собранието на РМ (од 2002), при што и потпретседател на Собранието (2002–2004). Член на раководните структури на ЛДП (1993–2005) и основач и лидер на политичката партија на зелените ДОМ (2005). Еден од основачите и координатор на Македонското женско лоби, член на Советодавниот одбор на Работната група за полова еднаквост при Пактот за стабилност на Југоисточна Европа (1999–2007) и координатор на Интерпарламентарното лоби за лицата со посебни потреби (2003– 2006). Иницијатор и претседател на Програмско-организациониот одбор на Годината на македонскиот јазик 2008. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *