ПОПОВСКА, Јоана

ПОПОВСКА, Јоана (Битола, 18. Ⅵ 1943) – актерка. Член во Народниот театар во Битола од 1960
г. (во него настапувала и на петгодишна возраст); потоа во Драмата на МНТ (1978-1994). Учествувала и во претстави за деца, во радиодрами и ТВ драми и серии.
Улоги: Дездемона („Отело“); Петруњела („Дундо Марое“); Офелија („Хамлет“);
Живка („Г-ѓа министерка“); Мара („Свадбата на Мара“); Ана („Црна дупка“); Електра во истоименото дело; Велика („Пиреј“); Елизабет („Ричард Ⅲ“). Р. Ст.

Лилјана Поповска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *