ПОПОВСКИ, Антим, протојереј-ставрофор

ПОПОВСКИ, Антим, протојереј-ставрофор (с. Слатино, Дебарца, 1902 – Скопје, 31. Ⅲ 1987) – свештенослужител од свештеничко семејство, од татко свештеник
– учесник во Илинденското востание (1903). Бил учесник во НОБ, во служба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Заедно со свештениците Вељо Манчевски и Кирил Стојанов го организирал Првиот свештенички собир (октомври 1943) во с. Издеглавје, на кој била донесена одлука за организирање на Македонска православна црква, како возобновена Охридска архиепископија.
ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за нацио
нална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *