ПОПОВСКИ, Владо

ПОПОВСКИ, Владо (с. Долно Дупени, Преспанско, 21. Ⅸ 1941) – универзитетски професор, правник, политичар и историчар. Основно образование завршил во Штип, а гимназија и Правен факултет во Скопје (1966). Магистрирал во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1974), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата по историја, на тема „Уставите во македонското национално движење како индикатор за неговиот државотворен карактер“ (1988). Бил асистент и научен соработник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Избран за вонреден професор по предметите политичка социологија и политичкиот систем на Југославија на Филозофскиот факултет во Скопје, а за вонреден професор на Правниот факултет во Скопје по предметот историја на државата и правото на народите на Југославија и за редовен професор по предметот историја на правото. Бил советник на претседателот Киро Глигоров (1991–1993), министер за одбрана (1992–1994; 2001–2002), министер за правда (1994–1997) и советник на претседателот Борис Трајковски (1999 –2001). Член е на Матичната комисија за формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2007) и советник на премиерот Никола Груевски (од 2006). Објавил поголем број трудови од македонската историја, политичката социологија и политичкиот систем. Основната идеја што ја следи е традиционалната поврзаност на имињата на учесниците во македонското национално движење (1880–1945).
БИБЛ.: Македонското национално-ослободително движење до ТМРО, Скопје, 1989; Македонското прашање во документите на Коминтерната, том први, 1&2, Москва и Скопје, 1999; Политичките институции на Стара Грција, Скопје, 1976; Локалната самоуправа и општините во Македонија, Скопје, 1999; Македонското прашање во надворешната политика на Советскиот Сојуз (1922&1940).
Документи, Скопје, 2008.
ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години, 1951–2001, Скопје, 2001. Св. ш.

Георги Сталев Поповски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *