ПОПОВСКИ, Георги Сталев

ПОПОВСКИ, Георги Сталев (Витолиште, Мариово, 22. Ⅳ 1930) – унив. професор, поет, прозаист, драмски писател, научен работник и преведувач на класична поезија (Пушкин, Лермонтов, Бајрон, Данте, Петрарка, Сердарот од Прличев и др.). Завршил Филозофски факултет во Скопје.
БИБЛ.: Смев на крвта, роман, Ск., 1960; Преглед на македонската литература од 19 век; Македонскиот верс, докторска дисертација, Ск., 1970; Ангелина, драма во стихови, Ск., 1972; Расколникот од Хетини-Џинот, драма во стихови, Ск., 1975; Вториот Омир, поема, Ск., 1988; Последните 100 години македонска книжевност, Ск., 1994; Маски, поезија, Ск., 1998; Избрани дела, Ск., 2002. Составувач е на антологиите на француската и руската поезија и др. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *