ПОПОВСКИ, Киро

ПОПОВСКИ, Киро (с. Вратница, Тетовско, 13. Ⅳ 1942 – Скопје, 29. Ⅹ 1995) – правник, политичар. Гимназијата ја звршил во Скопје, Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1965). Како младинец, бил претседател на Градскиот комитет и претседател на Претседателството на ЦК на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија, а потоа секретар и претседател на Советот на ССМ, претседател на Извршниот одбор на Републичката СИЗ за физичка култура, претседател на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем, член на Одборот за прашања од областа на општественото уредување, безбедноста и односите со странство, член на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем на Извршниот совет на Собранието на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија (22. Ⅸ 1990 – јули
1995) и потпретседател на Собранието на РМ (1991–1995). С. Мл.

Коле Поповски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *